ПАРНЕРСТВО ЗА
ЗАШТИТА НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

Со овој проект предвидено е са се
создаде и имплементира мониторинг систем кој ќе биде воведен од цивилното
општество, во насока на осигурување на практична имплементација на владините
политики за заштита на детските права, на локално ниво, во еден од осумте
плански статистички региони, Пелагонискиот регион.

Потцели и резултати
од проектот:
- Развивање
на мониторинг систем за спроведување на локалните политики за заштита на
детските права
Разгледување и анализа на македонските нормативни документи
(закони, регулативи и сл.) и на таа основа подготовка на мониторинг систем за
следење на спроведувањето на локалните политики, програми и активности.
Дефинирање на
конкретни потреби за обука кај клучните целни групи, НВО-а и претставниците на
локалните и регионални институции и реализација на обуките на ниво на целиот
регион. Обуките се насочени кон подобрување на знаењето и вештините за
имплементирање на мониторинг системот
Процесот на
спроведување на локалните стратегии и програми кои се дел од владините политики
ќе биде набљудуван. Активностите ќе бидат реализирани во 3 општински региони.
Заклучоците од пилот мониторингот ќе бидат пренесени до националната влада,
како концепт кој може да се примени и во другите региони.
Активностите кои
предвидуваат информирање и публицитет ќе се реализираат преку кампања за
популаризација на мониторинг моделот. Главната цел на оваа кампања ќе биде да
се информира пошироката јавност за самиот проект и да се зголеми свесноста за
потребата од мониторирање, развивање и спроведување на локалните стратегии и
програми за заштита на правата на децата.